Рамос е конечно подготвен, не може да има подобар момент за кам-бек на фудбалската сцена!

Серхио Рамос е конечно подготвен и за првпат по доаѓањето во клубот ќе биде дел од Пари Сен Жермен. Поранешниот капитен на Реал Мадрид се бореше со повреди од средината на јули кога пристигна во Париз, но сега е подготвен да се врати.

Веќе извесно време Серхио тренира со остатокот од тимот, лекарскиот тим му даде зелено светло за враќање на теренот, непосредно пред дербито со Манчестер Сити. За парижаните ова е меч да се биде или не, бидејќи по киксот и ремито во Лајпциг, им е неопходна победа, а овој пат за предизвик го имаат Сити.

Манчестер Сити има девет бода, ПСЖ има осум, па иако парижаните ги победија „граѓаните“ во првиот меч, сега ќе мора да го повторат истото доколку го сакаат првото место во групата. Натпреварот меѓу Сити и ПСЖ е закажан за в среда од 21.00 часот.

Се вчитува...