Легендарниот шпански фудбалер Серхио Рамос направи огромен чекор кон купување на својот поранешен клуб Севилја во договор вреден 450 милиони евра.
По многу месеци преговори за можна промена на сопственичката структура во андалузискиот клуб, Рамос и неговиот партнер Мартин Инк од инвестицискиот фонд „Five Eleven Capital“ постигнаа принципен договор со клучните акционери за старт на процесот детална финансиска анализа пред финално затворање на договорот.
Ова историско сценарио отвора ново поглавје во кариерата на 39-годишниот Рамос, кој двапати настапуваше за Севиља – првпат на почетокот на својата кариера од 2003 до 2005 година, а потоа се врати за сезоната 2023/24. Сега, наместо како играч, тој може да се врати како сопственик, обележувајќи многу редок пресврт за фудбалска ѕвезда од негово ниво.
Преговорите и предлогот беа претставени на акционери на 15 јануари, каде што Рамос и партнерите детално ги објаснија своите планови и визија за клубот. Состанокот траеше повеќе од два часа и остави позитивен впечаток, што на крајот го доведе до постигнување на начелниот договор.
Севилја, клуб со богата историја и традиција во шпанскиот фудбал, оваа сезона се соочува со спортски и финансиски предизвици, што ја прави потенцијалната трансакција уште поважно прашање за иднината на клубот. Ако Рамос го финализира договорот и ја преземе контрола, тоа ќе биде еден од најзначајните моменти во модерната историја на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

