Рамос го стигна Буфон, сега го напаѓа светскиот рекорд

Серхио Рамос влезе во игра во последните пет минути од пријателскиот меч меѓу Шпанија и Холандија, со што 34-годишниот ас се израмни со европскиот рекорд на Џанлуиџи Буфон по број на настапи во репрезентативниот фудбал.

Ова беше 176. натпревар на Рамос како член на „црвената фурија“, исто колку што има и легендарниот италијанки фудбал, по што шпанскиот ветеран сега ќе го нападне и светскиот рекорд во оваа категорија. Пред Рамос на оваа листа се наоѓаат Мексиканецот Клаудио Суарез (177), Бадер ал Мутава од Кувајт и Мохамед ал Даја од Саудиска Арабија (по 178), Ахмед Мубарак од Оман со 179 и апсолутниот рекордер Ахмед Хасан, кој има одиграно 184 средби за селекцијата на Египет.

Рамос со 128 победи е најуспешен играч во репрезентативниот фудбал, а со 23 погодоци е и меѓу најефикасните дефанзивци кога станува збор за националните селекции.

Се вчитува...