Рамос и Алба му се придружуваат на Меси во Интер Мајами

Лионел Меси по Серхио Бускетс ќе добие уште двајца поранешни соиграчи во Интер Мајами, пренесуваат шпанските медиуми. Се работи за шпанскиот тандем Серхио Рамос/Жорди Алба.

Алба и Рамос се без клубови, а сега се на чекор за да го засилат тимот на Дејвид Бекам во дефанзива.

Алба веќе подолго време преговараше со Интер Мајами и само детали го делеа од конечен договор, а Рамос во последниов период влезе во игра за засилување, откако одби низа пребогати понуди од Саудиска Арабија.

Се вчитува...