Реал Мадрид е во ново големо финале во Лигата на шампионите и третпат последователно ќе биде дел од завршниот спектакл во елитното европско клупско натпреварување. Во Киев ќе се обиде и третпат последователно да го крене „трофејот со уши“, и да испише нова светла страница во историјата на клубот. Капитенот Серхио Рамос е еуфоричен, и вели дека овие фудбалери на „кралскиот клуб“ се на добар пат да влезат меѓу легендите.
„Елиминиравме голем тим. Баерн Минхен беше одличен ривал, беше навистина тешко до самиот крај. Но, успеавме и тоа е најважно. Реал Мадрид е најголем во историјата токму поради ваквите моменти, затоа што знае да го пронајде патот до победата кога е најважно. Испишавме историја, а сега сакаме да влеземе меѓу легендите!“, порача Серхио Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА