Серхио Рамос веќе донел одлука за својата иднина и им ја соопштил на поранешните соиграчи од Реал Мадрид – легендарниот дефанзивец планира да се пресели во ПСЖ и токму како дел од „светците“ од Париз да ја заврши својата кариера.
Неколку шпански медиуми ја пренесоа информацијата дека Рамос веќе ги почнал подготовките за преселба во „градот на светлината“, иако деталите од трансферот не се целосно договорени. ПСЖ одбил да плати 12 милиони евра годишна плата на одличниот одбранбен фудбалер, сметајќи дека ова е превисока сума за играч што цела година имаше сериозни проблеми со повредите.
Двете страни сепак се подготвени да продолжат да преговараат, а се очекува до крајот на месецот и официјално да можат да го официјализираат и третиот супертрансфер без отштета на ПСЖ летово, по Џини Вајналдум и Џанлуиџи Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА