Серхио Рамос нема да се врати назад во францускиот шампионат откако искусниот дефанзивец ја одби понудата на новиот прволигаш Париз, кој сакаше да потпише договор на 18 месеци со легендата на Реал Мадрид.
Рамос живееше во Париз од 2021 до 2023 година додека ги бранеше боите на ПСЖ, но на крајот одлучи да не се врати назад во „градот на светлината“, туку да почека други понуди каде би ја продолжил кариерата.
Шпанецот е без ангажман откако минатиот месец си замина од мексикански Монтереј, а не крие дека приоритет во моментов му е враќање во Европа.
Милан покажа првичен интерес, но таа опција пропадна експресно, од трката се повлече и Ница, па ќе биде интересно каде ќе настапува Рамос во вториот дел од сезонава, или 39-годишниот Шпанец можеби ќе објави крај на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

