Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, доби специјална маска за заштита на носот со која ќе треба да игра на наредните неколку натпревари. Тој заработи скршеница на носната коска на дербито со Атлетико Мадрид, и му беше препорачано да мирува неколку денови. Откако го пропушти гостувањето против АПОЕЛ во ЛШ, Рамос се очекува да се врати и да игра со заштитната маска веќе на неделниот дуел со Малага.
Дефанзивецот наликува на „Зоро“ со маската на себе, а има и порака „Работи напорно, сонувај големи нешта“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА