Рамос бесен: Лажат дека ми дале понуда, како што лажат и дека имам плата од 15 милиони евра

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, претстојното лето останува без договор со шампионот на Шпанија, а со секој нареден ден се повеќе се зголемуваат шансите за негово заминување од клубот. Рамос во изјава за шпанските медиуми обелодени дека воопшто не добил понуда за да потпише нов договор, демантирајќи ги последните информации од таборот на Реал дека дефанзивецот мора што поскоро да се изјасни по понудата што ја има на маса.

Воедно, шпанскиот репрезентативец откри дека повеќе од девет месеци немало обид од управата за да се најде заеднички јазик за продолжување на соработката.

„Лага е дека мојата плата е 15 милиони евра, лага е дека добив каква било понуда од месец март“, рече Рамос.

Капитенот на „Кралевите“ сака да остане во клубот до крајот на кариерата. Од почит кон клубот, навивачите и соиграчите, тој не сака да разгледува други понуди во овој период, иако тоа може да го стори од 1 јануари оваа година.

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал веќе бара нови дефанзивци кои би го наследиле капитенот во Мадрид. Што се однесува до Рамос, најсериозен интерес за овој фудбалер доаѓа од ПСЖ.

Се вчитува...