Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ја ‘пецна’ Барселона, која синоќа и официјално ја освои шампионската титула во Ла Лига, дека трофејот во ЛШ е двојно повреден од тоа што оваа сезона го има освоено каталонскиот тим. Барса славеше во првенството и во Купот на Шпанија, но Реал Мадрид има шанса третпат последователно да го крене пехарот во ЛШ.
„Барселона одигра одлична сезона во Шпанија, освоија два трофеи, но освојување на Лигата на шампионите вреди двојно повеќе од тоа. Ако некој се сомнева во квалитетите на Реал Мадрид, може слободно да погледне во архивата на ЛШ. Таму е се запишано. Инаку, го респектираме Баерн Минхен и ќе зборуваме само на теренот со својата игра, без многу помпезни најави во медиумите“, изјави Серхио Рамос во пресрет на утрешниот реванш полуфинален меч од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА