Серхио Рамос по 16 години го напушти Реал Мадрид и премина во Пари Сен Жермен. Рамос со францускиот тим потпиша двегодишен договор, а денеска откри дека доколку се случи да се сретне со Реал Мадрид во Лигата на шампионите нема да слави ниту доколку постигне гол, ниту доколку Французите победат.
„Нема да славам ако дадам гол против Реал. Тој клуб е моето семејство и секогаш ќе е во моето срце. Заслужуваат почит. Ќе повторам никогаш нема да славам ниту гол, ниту победа против Реал Мадрид“, изјави Рамос.
Рамос по 16 години го напушти Реал Мадрид, клуб со кој дури четири пати успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА