Рамос: Ние играчите сме виновни, јас како капитен најмногу

Лошиот резултатски период, серијата прозивки кон играчите, разнишаната позиција на тренерот, објавите за конфликти и кавги во тимот го испровоцираа капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Ветеранот на „кралскиот клуб“ на Твитер објасни како размислува за се што се случува во клубот. Тој вината за слабите резултати вели дека е кај играчите, а пред се кај него како капитен на екипата. Не го демантира конфликтот со претседателот Перез, но вели дека тие работи се за во соблекувалната.

Серхио Рамос вели дека е чест за секој играч да биде дел од Реал Мадрид и дека избраните имаа среќа да бидат дел од историјата.

 

 

 

Се вчитува...