Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и Севиља, Серхио Рамос во јануари ќе мора да донесе важна одлука за својата иднина. 38-годишниот фудбалер веќе половина година е без тим, откако летото му истече договорот со Андалузијците. Тој се надеваше дека ќе добие понуди од други страни од Ла Лига, но ниту една не пристигна и сега изгледа дека дефанзивецот ќе мора да ја прошири својата потрага по нов тим.
Засега не недостигаше интерес за Рамос, тој ги одби понудите од Бразил, Мексико и Саудиска Арабија. Сепак, ветеранот се надеваше дека ќе добие последна шанса да игра во Лигата на шампионите и тоа беше причината да ги одбие понудите од такви егзотични места.
Сепак, времето е непријател на искусниот дефанзивец, кој не може да си дозволи да продолжи да биде без тим во оваа фаза од кариерата. Затоа, веројатно ќе биде многу повеќе склон да слуша нови предлози кои ќе му пристигнат во јануари, тврди „АС“.
Се споменува дека најверојатно Рамос ќе замине во САД, а не е исклучено да ја заврши кариерата ако не добие соодветна понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА