Првиот собир на шпанската репрезентација пред дуелите со Израел и со Франција воедно е и повод на едно место да се видат заедно бројните ѕвезди на Реал Мадрид и Барселона. Како што се ближи крајот на сезоната така и „војната“ меѓу двата тима станува се поголема, но Серхио Рамос е дециден на ставот дека тоа воопшто нема да се одрази врз игрите и настапите на шпанскиот национален тим. Тој преку твитер-профилите влезе во конфликт со Жерар Пике, но не се сомнева дека соработката со каталонецот на репрезентативно ниво ќе му биде на највисоко ниво.
„Јас прв ќе му пријдам и ќе го гушнам, затоа што знам дека во пораките и критиките преку социјалните мрежи нема зла крв. Некогаш тоа ривалство знае и да биде здраво, да ја покрене атмосферата во нашите тимови. Реал и Барселона се една работа, но овде сите заедно играме за Шпанија, мораме да дишеме како еден, тоа единство во репрезентацијата не смее да се загуби. Не се сомневам дека повторно ќе бидеме на висина на задачата, бидејќи ни е јасно дека против себе имаме две силни репрезентации“ – изјави Рамос пред првиот собир на „црвената фурија“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА