Одбраната на Реал Мадрид одигра маестрално вечерва на „Паркот на принцовите“, целосно неутрализирајќи ги Кавани и Мбапе од акциите на ПСЖ. Најзаслужен сигурно е капитенот Серхио Рамос, кој не го криеше задоволството од пласманот од четврт-финалето, воедно и искажа пофални зборови за тренерот Зинедин Зидан.
„Среќни сме за победата, но уште ништо немаме освоено. Зидан е најзаслужен, тој е оној што работи со нас секојдневно и кој знае што е најдобро за секој натпревар. Имавме добра тактика, одлично бевме подготвени и знаевме како да ги искористиме слабостите на ПСЖ. Тие ни оставија простор, а ние знаевме да го искористиме. По исклучувањето на Верати целосно го контролиравме мечот“ – изјави Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА