Рамос повторно ќе игра во француска Лига 1

Искусниот стопер Серхио Рамос и натаму сака да се натпреварува на највисоко ниво, а негова следна дестинација би можела да биде Франција. Поточно југот на оваа земја и тимот на Ница.

Како што пренесуваат поединечни извори, Шпанецот преговара со францускиот прволигаш кој минува низ турбулентен период. Тренерот Франк Ез го напушти клубот после 18 месеци, по инцидентот во неделата кога некои играчи и спортскиот директор биле нападнати од страна на навивачите.

Се шпекулира дека пожарот ќе се гаси токму со Рамос. Шпанецот е слободен агент по напуштањето на тимот на Монтереј, а во минатото беше дел од Севиља, Реал Мадрид и ПСЖ.

Ница е на 13 место со 17 освоени бодови, а има шест порази по ред во Лига 1.

Се вчитува...