Рамос: Пред една седмица ме „плукаа“, сега пак сум супер

Серхио Рамос се погрижи долго да го памети својот стоти натпревар во Лигата на шампионите, откако искусниот дефанзивец со два гола го трасираше патот на Реал Мадрид во четвртфиналето од елитното европско натпреварување. Горд на одличниот настап, Рамос не пропушти да ги „пецне“ оние кои го критикуваа по слабиот настап на дуелот со Лас Палмас во Примера дивизион.

Пред една седмица ме плукаа, а сега пак сум супер. Тоа е нашата судбина, мораме да научиме да се однесуваме достоинствено и кога губиме, исто како и при победите. Знаевме дека нема да ни биде лесно во Неапол, но добро го одработевме натпреварот и заслужено се пласиравме во следната рунда. Среќен сум за четвртфиналето, но исто така и треба да си ги анализираме грешките бидејќи допрва пред нас се дуелите со најдобрите тимови во Европа“ – изјави Рамос.

Се вчитува...