Реал Мадрид ќе влезе во утрешниот реванш против ПСЖ со предност од два гола, но „кралевите“ се свесни дека нема да им биде нималку лесно да ја издржат офанзивата на „светците“ во текот на сите 90 минути на „Паркот на принцовите“. Отсуството на Нејмар сигурно е мало олеснување, но не и пресуден фактор со оглед на квалитетот што ПСЖ го има на својата клупа за резерви, за што свесен е и Серхио Рамос.
„Тоа е Лигата на шампионите, некој на неа гледа како на дополнителен притисок, за мене е само мотив повеќе, сакам да продолжам да победувам во ова натпреварување. Имаме почит за ПСЖ, знаеме колку силен тим имаме против себе, но остануваме фокусирани на сопствената игра. Точно е, домаќините ќе немаат специјален играч каков што е Нејмар, но да не заборавиме дека на негово место ќе настапи Ди Марија кој исто така е исклучителен фудбалер. Пристапот и концентрацијата се клучни на вакви натпревари, верувам дека ќе продолжиме во ист стил како и на досегшаните средби во ЛШ“ – изјави Рамос на вечерашната прес-конференција во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА