Серхио Рамос не може да го преболи заминувањето од Реал Мадрид, откако претседателот Флорентино Перез реши да не потпише нов договор со оваа клупска легенда.
Дефанзивецот денеска на прес-конференција на „Сантијаго Бернабеу“ и официјално се прости од „кралскиот клуб“, а во изјава за шпанските медиуми децидно демантираше дека проблем во преговорите биле неговите финансиски барања.
„Сакаа да претстават дека ситуацијата е поинаква, но овде никогаш не стануваше збор за пари. Се чувствував во Реал како дома, сакав да останам до крајот на кариерата, па барав нешто подолг договор од она што ми го понудија. На крајот решив и тоа да го прифатам, а кога им кажав дека ја прифаќам нивната понуда, ми одговорија дека таа веќе не била на маса, не важела. Тогаш ми стана јасно“, истакна Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА