Рамос: Салах? Сум играл и против поголеми напаѓачи и не ми „мрднале“


Европскиот првак Реал Мадрид ќе ги одмери силите против Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите, на 26 мај во Киев. Капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос, вели дека тој и неговите соиграчи знаат како се освојуваат европски титули и не стравуваат од брзината на Мохамед Салах, кој оваа сезона игра во фантастична форма.

„Салах е само еден од единаесетмината во тимот на Ливерпул и не се фокусираме на него. Во кариерата сум играл против многу големи напаѓачи, и најголемиот дел од нив не ми „мрднале“. Реал Мадрид од никого не стравува, а сите ги почитува“, изјави Серхио Рамос.

Се вчитува...