Серхио Рамос побара од Флорентино Перез да му дозволи слободен трансфер во Кина, но откако беше одбиен од првиот човек на Реал, капитенот го промени својот став. Шпанскиот дефанзивец денеска самиот организираше прес-конференција на која говореше за својата иднина – јасно покажувајќи дека во меѓувреме се премислил од идејата за преселба во Кина и сега е максимално фокусиран на настапите за Реал Мадрид.
„По целата мешаница што се создаде со најразлични пишувања по медиумите, сакам да биде јасно – јас сум „Мадридиста“, сакам да останам овде до крајот на кариерата. Подготвен сум да потпишам и доживотен договор со Реал, со Флорентино Перез низ годините градевме однос на татко и син, тоа се нема променето. Во ниту еден момент не стануваше збор за пари, туку за доверба и за меѓусебно почитување. Ме повреди што се пишуваше дека сакам да одам за повеќе пари, дека не го почитувам клубот, бидејќи за мене Реал секогаш бил на прво место. За 15 дена ќе имам свадба и својата иднина ја гледам во Мадрид“ – истакна Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА