Атмосферата во шпанскиот национален тим дефинитивно е нарушена по отказот што вчера му беше врачен на селекторот Хулен Лопетеги. Капитенот Серхио Рамос на денешната прес-конференција потврди дека тимскиот дух не е на посакуваното ниво, но и посочи дека играчите ќе сторат се за тоа да не се одрази врз нивната игра на утрешниот натпревар со Португалија.
„Не сакам да бидам овде бидејќи ова повеќе наликува на погреб, а ние утре го отвораме својот настап на СП. Атмосферата во тимот не е баш најдобра, но тоа е што е, мораме да го заборавиме она што се случи и да се свртиме кон Португалија“ – изјави Рамос.
Телевизијата „Ла Секста“ открива дека дефанзивецот влегов во отворен конфликт со претседателот на федерацијата, кој не ги прифатил неговите аргументи за да го задржи Лопетеги на кормилото на репрезентацијата. За да не дојде до посериозен скандал се погрижил Пике, кој успеал да ги смири страстите, по што Рубиалес се упатил на прес-конференацијата на која ја соопшти одлуката за отказ на довчерашниот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА