Реал Мадрид оствари значаен триумф (1-2) над Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите што се одигра на „Алијанц арена“. Кристијано Роналдо ги постигна двата гола за „кралевите“, а капитенот Серхио Рамос жали што му беше поништен гол во завршницата поради офсајд позиција.
„Убаво е кога победнички ќе си заминеш од Минхен. Ова е жежок терен, овде не може секој да го победи Баерн. Ни успеа тоа, си одиме дома со гол повеќе, но работата сигурно не е завршена. Не очекува уште еден тежок и неизвесен натпревар во Мадрид, не очекувам дека Баерн Минхен така лесно ќе се предаде. Го знам добро Карло, сега веќе мисли како да не надмудри на реваншот“, истакна Серхио Рамос по триумфот на Реал Мадрид во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА