Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос пристигна во камп-центарот на Пари Сен Жермен, каде за првпат ќе ја облече спортската опрема на новиот клуб.
Петнаесетгодишната љубовна врска помеѓу Рамос и Реал Мадрид заврши летово, барем административно, бидејќи не ја продолжија соработката не успевајќи да се согласат за нов договор.
Парижаните реагираа брзо, понудија богати услови на поранешниот капитен на Шпанија и Реал, а договорот беше постигнат за кратко време. Тој денес им се придружи на своите нови соиграчи и ќе работи со Ашраф Хакими, како и Кејлор Навас, а овде се наоѓа уште еден екс-играч од Рел, Анхел ди Марија.
Наскоро во Париз се очекува доаѓање на Холанѓанецот Вајналдум, како и на најдобриот играч на Европското првенство – голманот на Италија, Џиџи Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА