Рамос со „лајк“ го потврди заминувањето од Реал Мадрид

Се повеќе се зборува за заминувањето на Серхио Рамос од Реал Мадрид по долги 16 години поминати во клубот на „кралевите“. Гласините уште повеќе се зголемија откако на социјалните мрежи почна да кружи објава од профилите на Реал, на која се пишува дека Рамос ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“, а на ваквиот натпис, Рамос ставил „лајк“, што за многумина е потврда за крајот на една ера.

Како што се очекуваше, неговиот потег не помина незабележано, но тоа е само последица на сè што се случуваше во претходните недели.

Серхио Рамос со Кралскиот клуб освои пет шампионски титули во Шпанија, четири Лиги на шампиони, четири Суперкупа на Шпанија, четири Светски клупски купови, три УЕФА Суперкупа и два Купа на Кралот.

Капитенот инсистира на плата од 12 милиони евра, додека претседателот Флорентино Перез е експлицитен дека никој не е поголем од клубот и дека мора да се согласи на намалувањето од 10%, нешто што ќе следи во клубот кај сите вработени во следните две години.

Се вчитува...