Шпанија дојде до првата победа на стартот од квалификациите за ЕП 2020 славејќи во Групата Ф против Норвешка со 2-1.
Победата за „црвената фурија“ ја донесе Серхио Рамос со „паненка погодокот“ од пенал во 71. минута.
Spain ?? 2 – 1 ?? Norway
⚽️ : Sergio Ramos
⏰ : 71′#EuropeanQualifiers #Euro2020 #ESPNOR #spain #norway pic.twitter.com/eIqGA2kmXs— TheGoalTV 2 (@TheGoalTV2) March 23, 2019
Претходно Норвежаните во 65. минута израмнија на 1-1, откако Родриго уште во 16. минута донесе водство за домашните од 1-0.
Во Групата Ј, Италија без проблеми славеше против Финска со 2-0, а БиХ ја победи Ерменија со 2-1 со головите на Круниќ и Милошевиќ.
Во последниот меч од оваа група, Грција славеше со 0-2 на гостувањето против Лихтенштајн со погодоците на Фортунис во првото и Донис во второто полувреме.
ГРУПА Ф – 1. коло
Шпанија – Норвешка 2-1
Шведска – Романија 2-1
Малта – Ф. Острови 2-1
ГРУПА Ј – 1. коло
Италија – Финска 2-0
Лихтенштајн – Грција 0-2
БиХ – Ерменија 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА