Рамос среде изјава почна да урла на навивач на Севилја: Доста… Имај малку почит! (ВИДЕО)

Серхио Рамос тотално полуде по вчерашниот пораз на неговиот тим од Атлетик Билбао во Ла Лига.

Севилја загуби со 0-2 на домашен терен, по што ветаранот од редовите на андалузискиот тим имаше жестока вербална пресметка со еден навивач на својот клуб, и тоа за време на изјавите по мечот.

Навивачот постојано за време на изјавата го навредуваше и него и останатиот дел од тимот, па Рамос во еден момент „експлодираше“.

„Доста. Имај малку почит, разговараме. Почитувај го народот и грбот на Севилја, ние овде зборуваме. Ајде сега замолчи“ – урлаше Рамос.

По синоќешниот пораз Севиља се најде на 16. место на табелата во Ла Лига и има само еден бод од екипите кои се во зоната за испаѓање.

Се вчитува...