ПСЖ се зацврсти на првото место во француското првенство откако „светците“ славеа со 2-4 на гостувањето против Монако, тим во однос на кој сега имаат „плус десет“ на прволигашката табела. Улогата на херој му припадна на Португалецот Гонсало Рамош, кој влезе во игра во 80. минута и три минути подоцна го постигна клучниот погодок за водство од 2-3.
Дуелот беше суперинтересен и драматичен, а првото полувреме го одбележа хорор-повредата на гостинскиот голман Донарума, кој мораше да биде заменет откако доби удар со отворен ѓон во лицето од еден од домашните офанзивци.
ПСЖ прв поведе преку младиот Дуе, но Монако во второто полувреме го сврте резултатот во своја полза, поведувајќи преку Бен Сегир и Емболо. Гостите успеаја експресно да израмнат со голот на Дембеле, за преку Рамош во 83. минута повторно да дојдат во водство.
Монако беше принуден да тргне на се или ништо, а ПСЖ знаеше даго искористи големиот простор и од контранапад преку Дембеле стигна до конечните 2-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА