Голманот на Арсенал Арон Рaмсдејл од следната сезона ќе го носи дресот на Њукасл. Репрезентативниот голман на Англија потпиша договор со тимот од северна Англија на пет години, со опција за продолжување до 2030 година.
Во текот на оваа година Рaмсдејл го загуби статусот на стандарден голман, кога Арсенал го доведе Давид Раја. Рaмсдејл му се приклучи на Арсенал од Шефилд Јунајтед во 2021 година. Голот на тимот од Лондон го бранеше на 78 натпревари.
За репрезентацијата на Англија одигра четири натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА