Рамсдејл на голот на Арсенал до 2028 година

Арон Рамсдејл ќе го брани голот на Арсенал до 2028 година откако денеска официјално стави потпис на нов договор со гигантот од главниот град на Англија.

Младиот голман пристигна во редовите на „топџиите“ во 2021 година и оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот. Досега запиша 76 настапи во сите конкуренции, а оваа сезона има шанса да постави рекорд по бројот на натпревари со сочувна мрежа откако на две кола пред крајот веќе го изедначи минатосезониот рекорд од 14 вакви натпревари.

 

Се вчитува...