На премиерата во француското првенство, Ница одигра 1-1 на гостувањето кај Тулуз. Спасител на гостинската екипа беше Арон Рамзи кој што влезе во вториот дел и го постигна голот вреден бод.
Тулуз дојде до водство во 20. минута со гол на Далинга. Двата тима имаа неколку шанси, а во 78. минута Рамзи по одлична акција погоди во мрежата на своето деби во дресот на Ница.
Ова лето Ница се засили и со голманот Каспер Шмајхел, кој остана на клупата за резерви на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА