Рамзи има нов клуб – ниту Кардиф, ниту преселба во МЛС

Арон Рамзи само неколку дена по заминувањето од Јувентус има нов клуб, откако велшкиот репрезентативец се договори за двогодишна соработка со францускиот прволигаш Ница.

Велшанецот долго беше поврзуван со Кардиф, клуб на кој требаше да му помогне во борбата за влез во Премиер-лигата, на маса имаше и понуди за преселба во МЛС-лигата во САД, но кога пристигна понудата од Ница, Рамзи без премногу размислување ја прифати. Тој веќе ги мина и лекарските прегледи, па во текот на денот и официјално ќе го потпише договорот со новиот клуб.

Ница по Рамзи ќе доведе уште едно искусно засилување, голманот Каспер Шмајхел за кого е договорена отштета од еден милион евра со раководството на Лестер.

Се вчитува...