Рамзи трагичар, Ајнтрахт Франкфурт ја освои Лигата на Европа (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт е освојувач на Лигата на Европа откако во финалето кое се играше на арената „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја, по изведување на пенали го совлада Ренџерс со 6-5. По 120. минути игра резултатот беше 1-1, а во пенал-рулетот подобро се снајдоа Германците (5-4) за освојување на трофејот и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Првото полувреме го одбележа еден несреќен момент во кој можеби играчот на Шкотите, Џон Лундстрам заслужи да добие и директен црвен картон. Тој невнимателно влезе во дуел со Себастијан Роде и со отворен ѓон го удри во главата капитенот на Германците. Роде заработи тешка повреда на главата, по која мораше да интервенира лекарскиот тим на бундеслигашот. Иако беше целиот во крв, лекарскиот тим му ја преврза главата, а Роде херојски остана на теренот

Во второто полувреме Ренџерс поведе со голот на Aрибо во 57. минута по големата грешка на дефанзивецот на Германците Тута. Ајнтрахт Франкфурт израмни на 1-1 во 69. минута со голот на Боре.

Во продолженијата мируваа мрежите, па се премина на изведудвање пенали. Таму клучна беше четвртата серија во која Арон Рамзи промаши пенал, што беше клуч за освојување на титулата на Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...