Вардар денеска на гостински терен против Нашице ги продолжува настапите во СЕХА лигата. Тренерот Стевче Алушовски во тимот ќе нема неколку ракометари поради повреди, Стојанче Стоилов, Ловро Јотиќ, Патрик Валчак и Димитар Димитриоски. Во Нашице, пак, директно треба да пристигне Иван Чупиќ кој беше со репрезентацијата на Хрватска на ЕХФ репрезентативната недела.
„Овој натпревар ни доаѓа во незгоден момент. Во ЕХФ-репрезентативната недела имавме само 7 играчи и два голмани, и не можевме многу да работиме на тренинг. Имаме проблеми со повредени играчи: Стоилов, Валчак, Димитриоски, Јотиќ. Ќе бидеме со редуциран состав… Начинот на игра на Нексе не е сменет, променет е само начинот на транзиција, мали детали во прашање. Анализиравме и знаеме што е добро а што лошо во нивната игра. Поразлично е дека помалку играат 7 на 6 со новиот трнер. Ние сме подготвени на се што не чека. Ќе одиме со 13 играчи и тројца голмани и ќе се обидеме да се вратиме како победници“ – истакна Алушовски пред заминувањето за Хрватска.
Натпреварот во Нашице меѓу Нексе и Вардар е со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА