Македонија го задржа местото меѓу трите најуспешни земји во Лигата на шампионите во женска конкуренција. На најновата ранг-листа на ЕХФ изготвена по завршувањето на сезоната во ЛШ, во која ракометарките на Вардар ја освоија вицешамионската титула, Македонија е рангирана на 3.место исто како лани.
Пре Македонија, како и досега, остануваат Црна Гора и Унгарија но, сега со сменети места. Триумфот на Ѓер во ЛШ ја искачи Унгарија на првата позиција и ја потисна Црна Гора на второто место.
Најголем пад на ранг-листата бележи Шпанија која од 16.место падна на 20.место, а најголем напредок има Турција која од ланското 21.место годинава стигна до 17.позиција.
Ранкингот е направен врз основа на резултатите од последните три сезони (2014/2015, 2015/2016 и 2016/2017) и ќе ја одредува позицијата на екипите во новата сезона (2017/2018).
Стартните позиции за новата сезона во Лигата на шампионите ќе бидат потврдени на состанокот на Извршниот комитет на ЕХФ, на 24 јуни во Загреб, а ждрепката за квалификациите и за групите во ЛШ ќе се одржи на 29 јуни во Љубљана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА