Рангник: Австрија може да стигне далеку на Светското првенство

И покрај тоа што еден гол на Австрија им беше клучен за да се пласираат на Светското првенство, откако во 78. минута израмнија во дуелот со Босна и Херцеговина, сепак, селекторот Ралф Рангник е оптимист пред Мундијалот идната година.

Рангник смета дека неговата селекција може да стигне далеку на собирот на најдобрите светски селекции.

„Беше тешко. Многу тешко. Примениот гол природно ги отежна работите уште повеќе. Но, потоа дадовме сè од себе и на крајот бевме наградени. Ако Босна игра вака, и тие ќе се квалификуваат. Имавме многу повреди на последното Европско првенство. Сега, на Светското првенство, мислам дека можеме да стигнеме далеку. Со нетрпение го очекувам патувањето во Вашингтон за ждрепката“, рече Рангник. 

Се вчитува...