Рангник ги прекина шпекулациите: Кавани останува во Јунајтед до крајот на годината!

Имаше многу шпекулации дека Единсон Кавани ќе го напушти „Олд Трафорд“, сепак тоа нема да се случи, барем не оваа зима.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник ги демантираше сите обвинувања околу заминувањето на Уругваецот.

„Разговарав со Кавани скоро половина час и тој ми кажа дека овој јануари дефинитивно ќе остане во Манчестер”, рече германскиот експерт.

Кавани не е редовен во стартниот состав на Јунајтед, пред се’ поради повредите, сепак секогаш кога е на теренот, неговиот придонес е повеќе од забележлив.

„Можам да сметам на него, тој е фудбалер кој секогаш дава се’ од себе, Едисон е пример за сите млади играчи”, заклучи Рангник.

Кавани дојде во Јунајтед во октомври 2020 година и неговиот договор истекува ова лето.

Се вчитува...