Рангник го понижи Рашфорд: Немавме здрави напаѓачи, само Маркус, па мораше да игра Погба

Маркус Рашфорд со години важеше за главен адут во навалната линија на Манчестер Јунајтед, но тоа дефинитивно не е случај откако Ралф Рангник застана на кормилото на „црвените ѓаволи“. Германскиот стручњак го закова Рашфорд на клупата, почнува натпревари без него дури и кога Роналдо не е во тимот, а истото се случи и на вчерашниот дуел со Лестер.

Рангник му даде шанса на младиот Еланга пред англискиот репрезентативец, а во тактиката со „лажна деветка“ оваа улога му ја додели на Пол Погба.

Уште поголемо понижување следеше во изјавата по мечот, кога Рангник се обиде да ја објасни својата тактичка замисла, но дополнително го „закопа“ Рашфорд.

Немавме здрави напаѓачи во тимот, единствениот кој можеше да заигра е Маркус Рашфорд. Игравме со лажна деветка, а дилемата беше Погба или Рашфорд. Не е тајна дека Маркус има проблеми со самодовербата во претходните седмици, затоа мораше да стартуваме со Пол. Да бидам искрен, на тренинзите делувавме опасно со Рашфорд, но сепак се решив за Погба“, изјави Рангник.

Во една ваква ситуација, не е нималку чудно што Рашфорд инсистира да си замине од клубот на крајот од сезонава.

Се вчитува...