Рангник ќе има краток престој, Јунајтед во потрага по тренер за новата сезона

Манчестер Јунајтед бара нов тренер кој ќе ја превземе екипата од почетокот на следната сезона. Тоа значи дека Ралф Рангник е само привремено решение и ќе биде до крајот на шампионатот, по што на „Олд Трафорд“ ќе има нов менаџер. Рангник го замени Оле Гунар Солскјер кој доби отказ, и беше поставен за в.д. тренер.

Ова го потврди директорот на Манчестер, Џон Мурто кој кажа дека пред клубот е задача да одбере нов тренер.

„Во моментов спроведуваме проес за именување на нов долгорочен менаџер кој ќе ја превземе должноста ова лето, со цел да се вратиме на домашни и европски титули“, рече Мурто.

Јунајтед во јануари ја прекина потрагата по тренер откако Рангник имаше добар старт, но последните резултати и игри ги натераа челниците одново да размислуваат за ново тренерско решение.

Најблиску до клупата е Марусио Покетино од ПСЖ, а исто така големи шанси има и Ерик тен Хаг од Ајакс.

Се вчитува...