Рангник му даде уште една „корпа“ на Роналдо: На повидок отворена „војна“ во Јунајтед

Манчестер јунајтед ги менува тренерите, менува тактики, но никако не може да се доближи до освојување на некој трофеј. Црвените ѓаволи испаднаа од ФА Купот, а далеку се од освојување на титулата во Премиер лигата, на која последен пат се радуваа пред една деценија додена тренер беше легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Актуелниот тренер на Манчестер, Ралф Рангник веќе смени три тактики во формацијата, со цел да создаде тим за победи, но засега не му оди како што посакува. Германскиот стратег во Манчестер започна со формација 4-2-2-2, а потоа таа беше преформулирана во 4-4-2, за сега да се врати на формацијата 4-2-3-1 која се играше во времето на Оле Гунар Солскјер.

Оваа формација со само еден класичен напаѓач, не му се допаднала на Кристијано Роналдо, кој имал разговори со тренерот Рангник и од него побарал да се врати формацијата со двајца класични напаѓачи и тој да биде во офанзивниот дел. Тренерот го одбил ова барање и потенцирал дека тој е главен околу тактиката на играта, а не некој од фудбалерите.

Роналдо на последните девет меча даде само еден гол, што е еден од неговите најголеми голгетерски постови во кариерата. Португалецот сезонава одигра 29 меча за Манчестер и постигна 15 голови, плус три асистенции.

Се вчитува...