Рангник не дозволува заминување: Кавани останува на „Олд Трафорд“

Едисон Кавани ќе ја заврши сезоната во Манчестер Јунајтед, потврди тренерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник. Уругваецот беше желба на Барселона како замена за Кун Агуеро кој поради срцеви проблеми мораше предвремено да се пенизонира, но овој трансфер нема да се оствари оваа зима и покрај желбата на голгетерот.

По доаѓањето на Кристијано Роналдо, искусниот Кавани го загуби своето место во тимот, но и покрај тоа што не добива голема минута е презначајна алка во сложувалката на германскиот стратег.

„Кавани дефинитивно нема да замине во јануари. Зборевме со Еди и знае дека дефинитино нема да дозволам да замине. Потребен ни е. Тој е одличен играч и јас уште од првиот ден му кажав колку тој ни значи. Кавани останува“, изјави Рангник.

Се вчитува...