Рангник: Не ги постигнав моите цели, мора да тренираме многу повеќе

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, истакнува дека не го постигнал тоа што го сакал со тимот поради паузата која била направена поради ширењето на корона вирусот. Германскиот стручњак ги презеде „црвените ѓаволи“ на крајот на ноември, а не знае за пораз во четирите одиграни натпревари.

Сепак, тој тврди дека поради затворањето на тренинг центарот поради ширење на коронавирусот во тимот, не го постигнал напредокот на кој се надевал.

„Се уште не сум ги постигнал моите цели. Секој тренер, секој амбициозен тренер сака да напредува побрзо, да направи поголеми чекори напред. Но, за да го направиме тоа, мора да тренираме“, потенцираше Ралф.

Рангник беше разочаран од она што неговите играчи го прикажаа на натпреварот против Њукасл во понеделникот (1-1).

„Тимот изгледаше добро на тренинзите. Ги имавме речиси сите играчи. Затоа тој дуел беше непријатно изненадување”, заклучи Рангник.

Јунајтед ќе има шанса да се поправи во четврток, кога ќе го пречека Барнли.

Се вчитува...