Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник по победата над Барнли од 3-1 во 20. коло од Премиер-лигата, рече дека неговиот тим ќе се бори за првите четири места и дека во моментов таа е реална цел, колку и некому да не му се допаѓа.
„Не би сакал да кажам дека четвртото место е нашата цел, но Сити, Ливерпул и Челси се премногу далеку од нас. Имаме осум натпревари без пораз, и се надевам дека така ќе продолжиме. Реалноста е таа. Четвртото место е засега најдостижно. Ако се пружи шанса да одиме погоре, секако дека ќе сакаме да ја искористиме“, рече Рангник.
Манчестер Јунајтед сега е шесто место на табелата. Тимот од Олд Трафорд заостанува 10 бода зад Ливерпул, кој има и меч помалку. Сити и Челзи се 19, односно 11 бодови пред Јунајтед на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА