Рангник не знаел дека Роналдо бил во Португалија: „Не сум го прашал дали е среќен во Јунајтед“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник ја коментираше ситуацијата околу Кристијано Роналдо. Иако официјално клубот објави дека е повреден, сепак, во англиските медиуми се шпекулира дека Португалецот одбил да го почне градското дерби против Сити како резерва, и од тука се налутил и заминал во својата родна земја.

Рангник рече дека не сака да се враќа назад, и дека за него најважно е што Роналдо се враќа на терените.

„Не го прашав дали е среќен во Манчестер. За мене е најважно што е во форма и што продолжи со тренинзи.“, рече Рангник, кој потоа кажа дека не знаел за податокот дека Роналдо бил во Португалија.

„Не знам дека бил во Португалија, и нема смисла да се враќаме назад. Важно е што ќе се случува утре. Веќе нема смисла да зборуваме на оваа тема“, рече Рангник.

Се вчитува...