Рангник објасни зошто го избра Роналдо за капитен на Јунајтед

Ралф Рангник беше крајно разочаран од епилогот на „Олд Трафорд“ на вчерашниот меч со Вулверхемптон, тим кој успеа да победи на театарот на соништата по пауза од цели 42 години.

„Волците“ остварија триумф на тешкото гостување за првпат по далечната 1980-та година и го турнаа во очај менаџерот Ралф Рангник, кој по овој неуспех призна дека ќе биде навистина доста комплицирано за Јунајтед да обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона со топ четири пласман.

Германскиот стручњак почна да ги добива првите сериозни критики од јавноста за поставеноста на тимот, но и за изборот околу капитенот во отсуство на Хари Мегваер. Капитенската лента вчера заврши на раката на Кристијано Роналдо, а имаше такви кои не го сфатија ваквиот потег со оглед на тоа што Португалецот не е вбројан како опција за капитен.

Пол Инс порача дека лената требал да ја носи МекТоминеј, но Рангник откри дека се двоумел меѓу Роналдо и голманот Давид Де Хеа.

„Роналдо е најискусниот играч кој го имаме во тимот и ако се земе севкупно, мислам дека има играно најмногу за Манчестер Јунајтед. Ако бидам искрен, мојот избор беше меѓу Кристијано и Де Хеа, но го избрав Роналдо бидејќи сакав да имам капитен кој повеќе се движи на теренот и затоа лнтата заврши кај него“, изјави Рангник.

Се вчитува...