Рангник: „Ова е максимумот од Србија“… Пикси веднаш му одговори: „Се гледаме во Белград“

Селекторот на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рангник по синоќешното реми (1-1) на неговата селекција против Србија во првиот меч од разигрувањето за останување во А-дивизијата од Лигата на нации, истакна дека тоа е максимумот од Србија и не верува дека ќе има нешто ново на реваншот од нив.

„Очекувавме една таква дефанзивна Србија. Но, мислам дека ова е максимумот од нив кога е во прашање играта. Србија не може да игра подефанзивно од ова. Го вративме и Лајмер, а ќе видиме дали Баумгартнер ќе успее, бидејќи има помал потрес на мозокот. Ќе видиме како Србија ќе се позиционира во вториот натпревар, дали ќе ни отворат простор. Но, мислам дека е невозможно да се создадат повеќе шанси отколку што направивме вечерва“ – истакна Рангник.

Но, селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси јасно нагласи дека желбата на неговиот тим е да ја елиминира Австрија

„Целта ни е да ја елиминираме Австрија, ниту тие, ниту ние немаме предност, почнуваме од нула, тимот сигурно ќе претрпи промени, очекувам голема посетеност и поддршка и да оствариме победа. Очекувајте подобра Србија во однос на играта. Игравме и со малолетни деца, мило ми е што имаа можност да искусат како е да се игра во оваа феноменална атмосфера во Виена. Не се плашев да ги фрлам во оган, сакав тоа да се случи и тоа се случи, тоа ќе им значи многу за продолжувањето на нивната кариера“ – рече Стојковиќ.

Се вчитува...