Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изјави дека неговата екипа заслужено го победила Тотенхем и дека Кристијано Роналдо одигра фантастично, откако стана најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.
Јунајтед на свој терен го совлада Тотенхем со 3-2. Сите три гола ги постигна Роналдо и стана најдобар стрелец во историјата, бидејќи сега има 807 гола за клубовите и репрезентацијата.
„Тоа беше негов најдобар настап, барем откако јас дојдов. Беше добар на тренингот во четвртокот и поради тоа одлучив да почне. Негова фантастична игра, но и на остатокот од екипата. Тој може да подигне 70.000 луѓе на нозе, но тој тоа може да го направи само со екипата. Фантастичен настап. Не станува збор само за три гола, туку беше и дел од екипата кога ја имаа топката. Ова веројатно беше нашата најдобра игра имајќи го предвид квалитетот на противникот. Беше потребно, моравме да победиме и тоа ќе ни даде мотив и за следниот меч“, додаде Рангник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

