Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, во очекување на денешниот натпревар против Турција во осминафиналето на ЕВРО 2024 вели дека неговата репрезентација може да дојде до финалето на шампионатот па и да ја освои шампионската круна.
„Пред почетокот на европското првенство реков дека ќе дојдеме до финалето, па дури и дека ќе бидеме шампиони. Мислам дека тоа не е многу веројатно, но мислам дека и не е невозможно. Факт е дека има само еден начин да се оди понатаму, а тоа е да се фокусираме на секој следен натпревар“ – вели Рангник.
„Сега како да почнуваме нов турнир, мора да се префрлиме на режим на плејоф. За нас ќе биде важно да имаме многу енергија и да бидеме на највисоко можно ниво. Ни требаат загреани срца на теренот, но мора да се задржи и ладна глава“ – вели Рангник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА