Џејдон Санчо беше суспендиран од Манчестер Јунајтед поради недисциплина. Менаџерот Ерик тен Хаг го отстрани од првиот тим, и покрај тоа што беше платен 85 милиони евра на Борусија Дортмунд во 2021 година.
Тен Хаг го нападна дека дисциплината му била слаба, дека играл премногу видео игри, доцнел на тренинзи, критикувал, и затоа бил отстранет. Меѓутоа сето тоа го демантираше Ралф Рангник, кој претходно работеше во Јунајтед.
„Работев со Санчо шест месеци. Немаше никаков проблем со дисциплината. Беше многу мирно и пријатно момче“, рече Рангник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА