Рангник се налути и пресече: Јас сум овде шеф, Мегваер останува капитен

Ралф Рангник експресно стави крај на гласините дека планира да го смени Хари Мегваер од капитенската улога во тимот и со давање на капитенската лента на Кристијано Роналдо да ја подобри атмосферата во екипата.

Весникот „Мирор“ во денешното издание најави капитенска смена на „Олд Трафорд“,за Роналдо да ја има апсолутната лидерска улога во екипата, но Рангник јасно стави до знаење дека тоа нема да се случи.

„Пред сe сакам да ставам до знаење една работа – не сум зборувал со ниту еден фудбалер за промена на капитенот во тимот. Тоа го знае Мегваер, јасно му е и на Роналдо, јас сум овде шеф и нема да има промена на капитенот до крајот на сезонава. Јас сум  човекот што ги носи тие одлуки и сигурно нема да го променам мојот став во наредните месеци“, изјави Рангник.

Се вчитува...